Nokia 3720 classic - Управување со дигитални права

background image

Управување со дигитални права
Сопствениците на содржини може да користат различни

типови на технологија за управување со дигитални права

(ДРМ; digital rights management – DRM) за заштита на

нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и

авторските права. Овој уред користи различни типови на

ДРМ софтвер за пристап до содржини заштитени со ДРМ.

Со овој уред можете да пристапите на содржина

заштитена со WMDRM 10, OMA DRM 1.0, OMA DRM 1.0

однапред заклучени и OMA DRM 2.0. Ако одреден ДРМ

софтвер не успее да ја заштити содржината,

сопствениците на содржината може да побараат таквата

ДРМ софтверска можност за пристап до новите содржини

заштитени со ДРМ да бидат повлечени. Повлекувањето

исто така може да спречи обнова на таквата содржина

заштитена со ДРМ веќе во Вашиот уред. Повлекувањето

на таквиот ДРМ софтвер не влијае на користењето на

содржини заштитени со друг тип на ДРМ или користење

на содржини незаштитени со ДРМ.

Содржините заштитени со ДРМ доаѓаат придружени со

клуч за активирање што ги дефинира Вашите права за

користење на содржината.

Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да

направите резервна копија на клучевите за активација и

на содржината, користете ја функцијата за правење

резервни копии на Nokia PC Suite. Ако Вашиот уред има

OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна

копија на клучевите за активација и на содржината,

користете ја функцијата за правење резервни копии на

Nokia Ovi Suite.

Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и

клучевите за активирање и содржината ќе бидат изгубени

ако меморијата на уредот се форматира. Може исто така

да ги загубите клучевите за активирање и содржината ако

датотеките на Вашиот уред бидат оштетени. Губењето на

клучевите за активирање или на содржината може да ја

ограничат Вашата можност за повторно користење на

истата содржина на Вашиот уред. За повеќе информации,

контактирајте го Вашиот оператор.

Некои клучеви за активирање може да се поврзани со

некоја специфична SIM картичка, и на заштитената

содржина може да и се пристапи само ако SIM картичката

е вметната во уредот.