
Говорно бирање
Остварете телефонски повик со
изговарање на името што е зачувано во
Контакти.
Бидејќи говорните команди се зависни
од јазикот, пред говорното бирање,
мора да одберете
Мени
>
Прилагодувања
>
Телефон
>
Прилаг. на јазик
>
Јазик на
телефонот
и Вашиот јазик.
Забелешка: Користењето на гласовни
ознаки може да биде тешко во бучно
опкружување или за време на итен
случај, затоа не можете да се потпрете
исклучиво на гласовно бирање во сите
околности.
1 Во режимот на почетен екран,
притиснете и задржете го десното
копче за одбирање.Се огласува
краток тон, и
Зборувај после
тонот
се прикажува на екранот.
2 Кажете го името на контактот што
сакате да го бирате. Ако
препознавањето на гласот е
успешно, се прикажува листа од
совпаѓање. Телефонот ја пушта
говорната команда од првото
совпаѓање на листата. Ако тоа не е
правилната команда, скролувајте
до друг запис.