
Традиционално внесување текст
Притискајте нумеричко копче, 2-9,
повеќепати додека да се појави
саканиот знак. Достапните знаци
зависат од избраниот јазик на
пишување.
Ако следната сакана буква е лоцирана
на истото копче како тековното,
почекајте додека да се појави курсорот
и внесете ја буквата.
За да пристапите до најчестите знаци на
интерпункција и посебни знаци,
притиснете 1 повеќепати. За да
пристапите до листата на посебни
знаци, притиснете *. За да вметнете
празно место, притиснете 0.