Мапи и GPS
Можете да го користите Глобалниот
систем за позиционирање (Global
Positioning System - GPS) да ја
поддржите апликацијата Мапи.
Пронајдете ја Вашата локација или
мерете координати на растојанија и
земјишта.
Пред да можете да ја користите GPS
функцијата со Вашиот телефон, мора да
го спарите Вашиот телефон со некој
компатибилен надворешен GPS
приемник користејќи Bluetooth
безжична технологија. За повеќе
информации, видете го упатството за
корисникот за GPS уред.
По спарувањето на Bluetooth GPS уредот
со Вашиот телефон, може да потрае
неколку минути додека Вашиот
телефон ја прикаже моменталната
локација. Наредните конекции би
требало да бидат побрзи, но доколку не
сте користеле GPS неколку дена, или сте
далеку од последното место кај што сте
го користеле, може да потрае неколку
минути за да се открие и прикаже
Вашата локација.
Глобалниот систем за позиционирање
(GPS) е управуван од Владата на
Соединетите Држави, која е единствено
одговорна за точноста и одржувањето
на системот. На точноста на податоците
на локацијата може да влијае
прилагодувањето на GPS сателитите
кое го прави Владата на Соединетите
Држави и е предмет на промена со
политиката за цивилен GPS на
Министерството за Одбрана на
Соединетите Држави и Федералниот
Радионавигационен План. На точноста
исто така може да влијае и слабата
геометрија на сателитите. На
достапноста и квалитетот на GPS
сигналите може да влијае и Вашата
околина, згради, природни пречки како
и временските услови. GPS сигналите
може да не се достапни во
внатрешноста на згради или под земја
и може да бидат попречени од
материјали како што се бетон или
метал.
GPS не треба да се користи за прецизни
мерења на локации, и не треба никогаш
да се потпирате единствено на
податоците за локацијата од GPS
приемникот и на мобилните радио
мрежи за позиционирање или
навигација.