Полнење на батеријата
Чувајте го уредот сув. Доколку вашиот
уред сепак се намокри, дозволете
уредот целосно да се исуши пред да го
поврзете полначот.
Вашата батерија фабрички е делумно
наполнета. Доколку уредот покажува
дека батеријата е недоволно
наполнета, сторете го следново:
1 Вклучете го полначот во ѕиден
штекер.
2 Поврзете го полначот со уредот.
3 Кога уредот ќе прикаже дека
батеријата е целосно наполнета,
исклучете го полначот од уредот,
потоа од ѕидниот штекер.
Нема потреба да ја полните батеријата
за точно определен временски период
и можете да го користите уредот додека
таа се полни. Ако батеријата е целосно
испразнета, може да потрае неколку
минути пред индикаторот за полнење
да се појави на екранот или пред да
можат да се направат било какви
повици.