Nokia 3720 classic - Упатства за проверка на Nokia батерии

background image

пред да ја отстраните батеријата.

Отстранете го полначот од електричниот приклучок и од

уредот кога не е во употреба. Не оставајте ја целосно

наполнетата батерија поврзана за полначот, затоа што

преполнувањето може да го скрати нејзиниот живот. Ако

не се користи, целосно наполнетата батерија ќе го изгуби

своето полнење со текот на времето.

Секогаш обидувајте се да ја чувате батеријата помеѓу

15°C и 25°C (59°F и 77°F). Екстремните температури го

намалуваат капацитетот и животниот век на батеријата.

Уредот со жешка или ладна батерија може привремено

да не работи. Работата на батеријата особено е

ограничена на температури значително под точката на

мрзнење.

Не предизвикувајте краток спој со батеријата. Случаен

краток спој може да се случи кога метален објект како

што е монета, спојувалка или пенкало предизвика

директно поврзување на позитивниот (+) и негативниот

(-) крај на батеријата. (Тие изгледаат како метални ленти

на батеријата.) Ова може да се случи, на пример, кога

носите резервна батерија во Вашиот џеб или ташна.

Краткото спојување на краевите може да ја оштети

батеријата или објектот што е поврзан.

Не ги фрлајте батериите во оган бидејќи може да

експлодираат. Батериите можат исто така да

експлодираат ако се оштетат. Фрлете ги батериите во

согласност со локалните регулативи. Ве молиме

рециклирајте кога е можно. Не фрлајте ја како отпад од